Свет

ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година

Европските граѓани сакаат чист воздух, вода и почва, како и безбедни хемикалии за да ја заштитат својата средина и здравјето, изјави комесарката за животна средина на ЕУ, Јесика Росвал.

Европската Унија нема да успее да ги исполни повеќе од своите цели за намалување на загадувањето до 2030 година, покажува извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објавен денеска.

И покрај напредокот во намалувањето на загадувањето на воздухот, употребата на пестициди и пластичниот отпад во морето, „потребни се многу поинтензивни мерки“ за постигнување на целите за намалување на бучавата, ослободувањето на микропластика, загадувањето со нутриенти и создавањето отпад, се наведува во извештајот.

– Европските граѓани сакаат чист воздух, вода и почва, како и безбедни хемикалии за да ја заштитат својата средина и здравјето, изјави комесарката за животна средина на ЕУ, Јесика Росвал.

– Само со навремена и амбициозна имплементација на нашите политики можеме да создадеме подобра животна средина за сите, додаде таа.

Според целите на ЕУ, бројот на луѓе хронично изложени на бучава од сообраќај треба да се намали за 30 отсто до 2030 година, но од 2017 година досега е постигнато само 2 проценти намалување.

Количината на неселектиран комунален отпад треба да се преполови, но од 2018 година намалена е за само 1,5 отсто.

Ослободувањето на микропластика во животната средина, наместо да се намали за 30 отсто, се зголемило за 7 до 9 отсто од 2016 година.

Извршната директорка на ЕЕА, Лена Ила-Монен, предупреди дека намалувањето на потрошувачката и промоцијата на кружна економија се клучни за постигнување на поставените цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons