ЕУ: Земјите членки да ги тестираат за Ковид патниците кои доаѓаат од Кина
Здравствените експерти од ЕУ им препорачуваат на земјите членки да ги тестираат патниците кои доаѓаат од Кина за коронавирус. Европската Унија соопшти дека силно ги повикува земјите од ЕУ да бараат од патниците кои доаѓаат од Кина негативен тест за коронавирус не постар од 48 часа пред поаѓање. Истовремено се препорачува носење заштитни маски на летовите од Кина.
Ваквиот расплет доаѓа откако СЗО објави дека дури 97,5% од жителите во Кина се заразени со омикронските подваријанти на Ковид-19. Од СЗО истовремено информираа дека Кина повеќе од месец дена не ги соопштува бројките на новозаболени, хоспитализирани и починати лица од Ковид-19.
На ова реагираше кинеското МНР соопштувајќи дека земјата отсекогаш била отворена за тие податоци.
Кина за последните 24 часа објави 5 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19 што е многу ниско ниво според глобалните стандарди во однос на заболените лица.