Македонија

ЕСМ ќе го преземе БЕГ, ако пропадне тендерот 

Министерот за економија Крешник Бектеши жали што Град Скопје нема капацитет да ги грее скопјани од октомври, иако во градот веќе три години постои компанија која може да ја врши оваа дејност. По изјавата на градоначалничката Данела Арсовска дека во буџетот нема предвидено финансии за да менаџира со парното, Бектеши вели дека ќе се чека регулаторната да ги одземе лиценците на БЕГ по што преку тендер ќе се бара приватна компанија која ќе управува со парното.

Доколку нема заинтересирана приватна компанија, работата на БЕГ ќе оди во рацете на ЕСМ. Долговите на БЕГ кон државата во ниту еден случај нема да бидат на товар на граѓаните вели Бектеши.

„Прво ми е жал што град Скопје веќе има формирано таква компанија – ГЕС има и вработени во таа компанија која треба да се занимава со оваа работа а и дополнително со законот за комунална дејност тоа е обврска на градот Скопје каде што има топлификациска мрежа тоа е обврска на градот. Јас немам инфомации дека БЕГ има толкави долгови кон државата ако ги има ќе си ги платат, зошто тоа им е законска обврска и мора да го направат ако не има закони и согласно законите ќе постапуваат одредени институции“, рече Бектеши.

БЕГ, за оваа година има пријавено 60 милиони евра трошоци кон Регулаторната комисија за енергетика, но не е јасно колкава е висината на долговите на компанијата кон државата.

Во 2018 година, поранешниот скопски градоначалник Шилегов ја формираше компанијата Градски Енерергетски Системи, а идејата беше Градот да има топлификација и гасификација. ГЕС поднесе барање за лиценца до Регулаторната комисија за енергетика но тогаш не ја доби .Сегашната градоначалничка на Скопје Данела Арсовак денеска не одговори дали ќе ја прифати поканата од Бектеши за разговор и дали има простор да ја промени одлуката.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons