МакедонијаНајново

ЕСМ подготвени да ги постават цевките под мостот „Беласица“, најавуваат сигурна испорака на енергија 

Од АД ЕСМ објавуваат дека веќе се подготвени, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постават новите топловодни цевки на мостот „Беласица“. Од компанијата посочуваат дека ќе вложат максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.

– Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија – напишаа од ЕСМ. 

Додаваат дека во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons