Спорт

Ерменија нова шанса за фудбалерите да се прекине серијата без победа

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ерменија во натпревар од второто коло во Лигата на нации.

По срамното реми во Торшавн со Фарски Острови, македонските фудбалери имаат нов предизвик, дуел со Ерменија на домашен терен.

Во изјавите пред натпреварите и Милевски заедно со фудбалерите се оптимисти пред мечот.

На денешниот натпревар против Ерменија немаме право на кикс, доколку не победиме ќе следува нова бура од реакции во јавноста која дополнително ќе се одрази негативно врз репрезентацијата на која очигледно ѝ се потребни промени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons