Спорт

ЕП во ватерполо: Франција ја елиминира подмладената Србија во осминафиналето 

Ватерполо репрезентацијата на Србија е елиминирана во осминафиналето на Европското првенство што се одржува во Сплит, Хрватска откако загуби од Франција со 10:9.

Французите водеа се до последната четвртина кога подмладената репрезентација на Србија на точно 60 секунди до крајот израмни на 9:9 со голот на Душан Мандиќ.

Во следниот напад, Франција имаше играч повеќе и преднмоста ја искористи Марзуки да постигне гол за пласман во четвртфиналето. Ова е прв пласман на Франција меѓу осумте најдобри на ЕП од 1958 година.

Најефикасни кај Франција беа Уго Крузија со четири гола и Томас Верноу со два гола додека кај Србија по три гола дадоа Страхиња Рашовиќ и Душан Мандиќ.

Во останатите осминафинални натпревари Црна Гора ја победи Романија со 13:8, Грузија беше подобра од Холандија со 12:8, а Грција го победи Израел со 22:9. Во четвртфиналето кое е закажано за 6 септември ќе играат Унгарија – Црна Гора, Шпанија – Грција, Хрватска – Грузија, Италија – Франција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons