Спорт

Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН 

Американскиот спортски портал „ESPN“ ги избра најдобрите тренери во Европа. Во изборот влегоа само тренерите кои се на чело на клуб најмалку една година. Оние кои водат национални тимови и оние кои се невработени повеќе од една сезона беа исклучени од изборот.

Најдобар тренер според ЕСПН е предводникот на ПСЖ, Луис Енрике. Арне Слот (Ливерпул) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити) се најдоа меѓу првите 3.

Во Топ 10 влегоа и: Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Ханс-Дитер Флик (Барселона), Микел Артета (Арсенал), Антонио Конте (Наполи), Симоне Инзаги (Ал-Хилал) и Џан-Пјеро Гасперини (Рома).

Алонсо во изборот влезе поради резултатите постигнати со Баер Леверкузен, Гасперини со Аталанта, додека Инзаги поради оствареното со неговиот поранешен клуб Интер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons