Спорт

Елмас прво оди на позајмица, па заминува од Лајпциг следното лето

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас закпренува од повредата и не е во тимот на РБ Лајпциг, каде и онака не добиваше скоро никаква минутажа сезонава. 

Нашиот „дијамант“ извесно е дека во јануари ќе замине на позајмица, а потоа се очекува и трансфер во текот на летниот преоден рок. Информациите од Германија велат дека за Елмас постои голем интерес од Фенербахче, Наполи и уште два клуба од Серија А, но уште не е познато каде ќе ја заврши тековната сезона. 

Трансферот во текот на летото е повеќе од сигурен затоа што Елмас не е во плановите на тренерот Марко Розе и добиваше минутажа „на лажичка“ откако пристигна во Бундеслигата. 25-годишниот фудбалер кариерата ја започна во Работнички, а потоа играше за Фенербахче и Наполи, со кој го освои скудетото во сезоната 2022/23. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons