Спорт

Елиф Елмас: Не зависи од мене дали ќе останам во Торино 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата следната сезона. Иако моментално игра како позајмен фудбалер во Торино, останува отворено прашањето дали ќе остане во клубот или ќе се врати во Лајпциг, или пак ќе добие нова дестинација.

Елмас вчера имаше емотивно враќање во Неапол, градот каде што со Наполи го освои Скудетото и Купот на Италија.

„Тука освоив Скудето и Купот на Италија. Убаво е повторно да се биде во Неапол. Како и тогаш и сега во Наполи има одлични играчи и тренери. Има уште четири кола до крајот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Елмас.

Судејќи според неговите зборови, фудбалерот е задоволен од престојот во Торино, но конечната одлука не зависи од него.

„Многу ми е убаво овде, имаме квалитетни играчи и силен тренер. Сепак, рано е да зборувам за тоа. Се трудам секогаш да давам максимум. Одиме натпревар по натпревар, а за останатото одлучуваат претседателите на Торино и Лајпциг“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons