Елена Ристеска сними забавно роденденско видео: „Дали сум на 19 или 39, не е важно – важно е што сум среќна“
Елена Ристеска на креативен начин го прослави својот 39-ти роденден. Познатата македонска пејачка се приклучи на популарен тренд на социјалните мрежи, во кој најпрво се пошегува дека слави 19 години, за потоа бројката на роденденската торта да се промени во вистинските 39.
За нејзиниот изглед во двете сцени се погрижи шминкерот Даниел Николовски, а видеото го изработи Мики Трајковски-Манца.
Ристерка им се заблагодари на своите следбеници со емотивна порака.
„Ви благодарам од срце за сите честитки! Се чувствувам како најбогатиот човек на светот затоа што ве имам вас – најдобрите фанови, пријатели, љубов и семејство. Малку се пошегувавме со бројките на годините“, напиша пејачката.
За крај, таа додаде: „Дали сум на 19 или 39, не е важно – важно е што сум среќна и благодарна за сѐ што имам. П.С. Полнам 39, но срцето ми е празно зашто некои драги луѓе засекогаш ќе недостасуваат“.
A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)