Експлозија во фабрика за бисквити во Грција, четири работнички загинаа
Најмалку четири работнички загинаа во експлозија во фабрика за бисквити во централна Грција, соопштија властите.
Едно лице се води за исчезнато.
Шест работнички и еден пожарникар се повредени и хоспитализирани по експлозија во фабриката Виоланта, во близина на градот Трикала, околу 320 километри северно од Атина.
Експлозијата се случила за време на ноќна смена, а пожарот ја уништил фабриката.
Полицијата соопшти дека се сомнева дека експлозијата се случила во близина на печки кои работат 24 часа на ден.
Истражните екипи се на местото на настанот, а причината сè уште се утврдува.



