ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница
Пукна плинска боца приклучена со греалка, поради што скопјанка со изгореници е префрлена во болница.
Станува збор за 45 годишна жена која се здобила со изгореници. Од полицијата информираа дека жената е префрлена во Градската општа болница Свети Наум Охридски. Припадниците на полицијата стигнале на местото на настанот.
Ова не е прв ваков случај во Македонија. Поради пукање на плински боци, и претходно имало пожари и луѓе завршуваа во болница со повреди. Во 2020 година во кумановското село Романовце неколку луѓе загинаа при експлозија на плинска боца.