НајновоСвет

ЕКСКЛУЗИВНИ ВИДЕА: Во инцидентите во северно Косово десетина повредени, ситуацијата е тензична и може да ескалира

Во болницата во Косовска Митровица е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина лицa.

Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира.

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.

Србите од јужната покраина се собраа пред општината во Звечан, еден час по пладне, првичната ситуација беше мирна, но насобраните беа видно вознемирени кога се појавија припадници на „косовската“ полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons