Екологистите со барање до Владата: Да се запре увозот на автомобили стари над 10 години
Повеќе од 10 граѓански организации бараат Владата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години и под стандардот „евро 5“. Причината е загадувањето. Татјана Чакулев рече дека најранливи на токсични материи се децата, бидејќи како што додава, овие честички се ослободуваат во висина на нивните лица и директно ги вдишуваат.
Ели Пешава од „Иницијатива О2“ рече дека на нашата земја и се потребни електрични автобуси и такси возила кои не загадуваат.
Татјана Стојановска вели дека знаат дека Владата сака на граѓаните да им обезбеди поевтин увоз на возила, но од друга страна се зголемува загаденоста на воздухот.
За барањата на овие организации испративме прашање до Владата, од каде ни рекоа дека со особена важност ја следат дебатата за оваа тема и во идниот период ќе се направи подетална анализа и јавноста ќе биде информирана. Засега ова не се разгледува рамки на Царинската управа. Исто така за промена на даноците за увоз , во моментов не се размислува.