ЕИБ ќе отвори претставништво во Скопје
Европската Инвестициона Банка ќе отвори свое претставништво во Скопје. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, истакна дека од независноста до денес, ЕИБ инвестирала над 1,6 милијарди евра во клучни сектори за стабилен развој на државата, вклучувајќи инфраструктура, енергетика, транспорт, поддршка на малите и средните претпријатија и модернизација на јавните услуги. Роберт Де Грот, заменик претседателот на Европската инвестициона банка, изрази задоволство што соработката ќе продолжи со досегашниот интензитет во повеќе области, како енергетиката, транспорт, поврзување, транзиција кон обновливи извори на енергија.
„Од денес, ЕИБ ќе биде уште поблиску до државните институции, локалната самоуправа и македонските компании – поддржувајќи ги во реализацијата на нивните развојни инвестиции и проекти. Поблиското присуство на ЕИБ претставува јасен сигнал дека нашата држава се движи во насока на модерна, европска и конкурентна економија – отворена за инвестиции и ориентирана кон долгорочен и одржлив раст“, рече Муцунски.
„Навистина ми е драго што ги формализиравме односите на нашето претставништво и луѓето коишто ги имаме во нашето претставништво во Скопје. Од 1991 година, ние имаме договорено инвестиции од повеќе од 1,6 милијарди евра за поддржување на економијата, инфраструктурата, општините, како и малите и средните претпријатија, но потребно е и да го олесниме нивниот пристап до заеми. Ние навистина сме посветени на ова застапништво. Тоа го започнавме уште во 2022 година и сакаме да биде дел од пристапното патување на земјата, заедно со делегацијата на ЕУ – посочи потпретседателот на ЕИБ“, рече Де Грот.



