Едно лица загина во сообраќајка на патот Охрид-Кичево
62 годишен жител на село Ботун го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, а со телесни повреди се здобил и возачот на другиот автомобил учесник во незгодата.
-На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, Oпштина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, информираат од МВР.
Од здобиените повреди на местото починало 62 годишното лице, додека возачот на другиот автомобил се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.
Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.