Актуелно

Еден пациент е испишан од болницата во Љубљана, 68 лица остануваат да се лекуваат во странство

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана. Неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде лицето има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство, околу пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.

„Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти“, се наведува во соопштението.

Во државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника Свети Наум Охридски, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во Систина, според податоците на Министерството.

„Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти“, тврдат од Министерството.

Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија шеесет млади луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons