Еден од најголемите македонски фудбалски таленти продолжува во Чешка
20-годишниот Мартин Ѓоргиевски од Брера се сели во чешкиот второлигаш Збројовка Брно со кој потпиша повеќегодишен договор.
Од Брно информираат дека интерес за него покажале и повеќе европски клубови, меѓу кои полскиот Ракув, кипарскиот Пафос и шкотскиот Данди.
,,Ова е голем чекор за мојата кариера. Чешкиот фудбал е на високо ниво и сакам со Брно да избориме пласман во најсилната лига. Верувам дека ќе бидам среќен во овој клуб и во овој град,“ изјави Ѓорѓиевски по потписот.
Ѓорѓиевски зад своето има има 83 настапи во ПМФЛ и 13 постигнати голови. Исто така е редовен член и на младинските селекции, а веќе запиша и настап за Македонија У21.