ЕВН почна да ги гаси големите должници, Владата ги вклучува со ветување дека ќе ги плати долговите
ЕВН нема да ја исклучи струјата во скопскиот клинички центар. Од таму за Сител велат дека ќе го почекаат Собранието да направи пренамена на буџетски средства и долгот да биде исплатен. Компанијата претходно бараше гаранции но нив Владата рече дека нема намера да ги обезбедува
Утрово Премиерот не беше расположен да сподели информации за тоа како успеале да се договорат со ЕВН
Рано утрово железници транспорт остана без струја но во пресрет на прес конфернецијата на премиерот струјата повторно беше приклучена. Од ЕВН Хоум објаснуваат дека веќе не се снабдувачи и дека оваа државна фирма влече струја директно од мрежата.
„МЖ Транспорт е повторно приклучен, меѓутоа рокот за снабдување преку ЕВН Хоме како краен снабдувач е изминат. Токму затоа, МЖ Транспорт во моментот нема снабдувач за електрична енергија и директно повлекува електрична енергија од енергетскиот систем, а со тоа предизвикува дисбаланс во системот на МЕПСО“ – велат од ЕВН Хоум
Сите државни фирми заедно на ЕВН за струја му должат околу 40 милиони евра. Долгот на железници е околу 6,5 милиони а на Клиничкиот центар над 7 милиони евра.