МакедонијаНајново

Д-р Серафимова: Загинатите во пожарот беа на возраст од 14 до 24 години 

Директорката на болницата во Кочани доктор Кристина Серафимова предмалку  на прес конференција рече дека загинатите во пожарот во дискотеката ноќеска се од  Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани.

-Примивме 70 лица, за жал меѓу нив имаше донесени и починати. Пациентите беа со изгореници и со интексикација од јаглероден моноксид. Потоа се пренесени во Клиничка болница Штип и оттаму некои се препратени за Скопје. Во моментот кај нас, има 20 пациенти со полесни симптоми. Починати се многу лица, но додека не заврши идентификацијата, не можеме да соопштиме колку се починати. Тешко беше да се идентификуваат дел од лицата зашто дел од нив немаа лични карти. Починатите беа на возраст од 14 до 24 години, изјави директорката на болницата во Кочани доктор Кристина Серафимова.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons