Македонија

Д-р Беќаровски: Со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја раскрчмуваме државата

Познатиот доктор Нико Беќаровски социјалните мрежи излезе со став за големиот празник Илинден кој вчера го честуваше цела Македонија.

Постот на д-р Беѓаровски го пренесуваме во целост.

ИЛИНДЕНСКИ СТЕРЕОТИПНИ БЕСЕДИ

 

Цел ден исполнет со многу празнични говори на политичариве низ цела Македонија, а ниту еден не кажа како од петта најсиромашна држава во Европа, ќе станеме барем просечно развиена европска земја или како од највалкана европска депонија ќе станеме еколошки поднослива дестинација.

 

СЕ ДРУГО ИЗГОВОРЕНО Е ГОЛ ПОПУЛИЗАМ И ДЕМАГОГИЈА !!!!

 

Колкумина од нашите дедовци се превртуваат во своите незнајни гробови???

 

Со пушка и крв создадоа држава, а НИЕ со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја раскрчмуваме.

 

Време е за образовен, морален, културолошки и еколошки ИЛИНДЕН !!! – пишува д-р Беќаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons