Македонија

Дури 385 лица во првите две недели од февруари биле казнети поради возење без возачка дозвола 

Дури 385 возачи без возачка дозвола за само две недели затекнала полицијата при вршење рутински контроли на сообраќајот во главниот град.

Од таму за Канал 5 велат дека казни за брзо возење добиле 1.440 возачи, а 243 лица користеле мобилен телефон додека управувале со возилото. Во меѓувреме, во полицискиот билтен изминатото деноноќие има нови податоци за сообраќајни несреќи, една од нив е и за 17 годишник од Косово кој со возило „Ауди“ прегазил двајца малолетници во Скопје.

Од МВР велат дека постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и најавуваат дополнителни проверки.

„ Во периодот од 01.02.2025-13.02.2025 на територија на град Скопје изречени се 1440 санкции за возење со брзина поголема од пропишаната, 385 мерки за возење без возачка дозвола, 1402 санкции за непрописно паркирање…. 90 мерки за нерегистрирани возила, 50 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 150 санкции за прекршоци што ги прават пешаците….“-Гоце Андреевски, МВР.

И покрај засилените контроли на полицијата никако да опадне трендот на сторени прекршоци во сообраќајот. Според податоците од МВР, изминатата 2024 година бележи во Македонија имало дури 8457 сообраќајни несреќи во кои 142 лица го загубиле животот.

Две работни групи од министерството за правда и за внтрешни работи веќе подготвуваат предлог нацрт закон за измени и дополнување на постојниот, со цел да се заостри казнената политика.

Дополнително, поставувањето на системот со камери, со кои ќе се казнуваат сообраќајни прекршоци за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, треба да профункционира до крајот на 2025 година.

Од МВР велат дека тој ќе „лови“ брзо возење, поминување на црвено и погрешно паркирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons