Дуплантис повторно постави светски рекорд
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис по 15. пат постави светски рекорд во скок со стап, новата височина е 6,31 метар.
На домашен терен, во Упсала, тој скокна 6,31 метри во својот прв обид. Светскиот рекорд тој го држи откако го симна од тронот Французинот, Рено Лавилени со 6,17 метри во 2020 година. Неговиот претходен рекорд датира од септември кога ја освои светската титула во Токио. За првпат, Швеѓанецот го сруши својот светски рекорд на домашен натпревар, Мондо Класик одржан во Упсала. Тоа предизвика овации од публиката, па Дуплантис истрча победнички круг, обвиен со шведското знаме.



