Државниот пазарен инспекторат изрекол 360 казни на угостителски објекти во висина од над 3,4 милиони денари
Државниот пазарен инспекторат од 17 март до 10 април извршил 297 надзори на угосителските објекти, и изречила 360 казни во вкупна вредност од 3.436.000 денари, соопшти владината портпаролка Марија Митева.
Надзори биле извршени кај угостителските објекти со пријавена дејност диско клубови, диско клубови на отворен простор, ноќен клуб, кабаре, кафе бар, гостилница, ресторан, ресторан за свадби, бистро, хотел…
Исто така се додава дека биле издадени и 28 решенија за привремена забрана за вршење на дејност, и 12 решенија за отстранува на неправилности за прекршоци утврдени согласно Законот за угостителсна дејност.
„Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца, кај 17 субјекти констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови. Последниот извештај којшто го дадовме пред јавноста беа 15, денеска веќе се 17, и за истите е доставена информација до Министерството за економија и труд. Во меѓувреме кај 7 од овие објекти се отстранети овие неправилности, и на барање на правните субјекти е извршена дополнителна контрола и направени контролни записници каде надлежните органи утврдиле дека правните субјекти, согласно законски предвидениот рок од 30 дена, ги отстраниле овие недостатоци. И таквите информации се доставени до Министерството за економија и труд“, изјави Митева.