МакедонијаНајново

ДПИ: Опасни детски играчки и облека повлечени од пазарот 

Детски дуксер, играчка куче акробат на батерии и ротирачка ламба, сите од непознат бренд, се трите опасни производи откриени на македонскиот пазар во првото полугодие од ланската година. Пред крајот на 2024 година, пак, се откриени и повлечени и електрични украсни светилки, исто од непозната марка.

Тие според Државниот пазарен инспекторат, се повлечени од македонскиот пазар, а се нотирани и на веб-страницата на ЦЕФТА.
Инаку, одделението за безбедност на производи на ДПИ во прво полугодие од 2024 година извршило вкупно 522 надзори на деловни субјекти, од кои врз основа на Законот за безбедност на производи 148 надзори, 18 надзори врз основа на Законот за градежни производи, Закон за надзор на пазарот 50 надзори и 102 надзори врз основа на Законот за техничките барања на производите и оцена на сообразност.

– Со наведените контроли се издадени три решенија по Законот за општа безбедност на производи и решенија по Законот за технички барања на производите и оцена на сообразност. Во првото полугодие од 2024 година, три производи се повлечени од македонскиот пазар – известија од ДПИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons