Актуелно

Дојави за бомби во школи во Скопје, Кочани и Штип, учениците се евакуирани 

Дојави за бомби утрово ја прекина наставата во основни училишта во Скопје, Кочани и Штип. Од Министерството за внатрешни работи велат дека утрово дојави за бомби имало во повеќе општини.

„Утрово на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот“, велат од МВР.

Во Општина Аеродром шест основни училишта утрово се евакуирани поради дојава за бомби. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) прават проверки во школите.

„Утрово во шест школи имаше дојави за бомби. Учениците се веднаш евакуирани, изнесени од школите. Тимови на МВР прават проверки. Веднаш штом ќе завршат проверките и добиеме потврда дека училиштата се безбедни ќе продолжи наставно-образовниот процес“, вели Митески.

Во октомври 2022 година речиси цел месец наставата во скопските средни училишта се одвиваше со прекини поради лажни дојави за бомби.

Во Хрватска вчера имаше 85 дојави за бомби и евакуација на школи, а полицијата откри дека се лажни. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ рече дека серверот е надвор од Хрватска и во тек е криминалистичко истражување и дека во истрагата вклучени се експерти по кибербезбедност и Европол.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons