Досега 22 кандидати за независни градоначалници
На полноќ вечерва истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори 2025, закажани за 19 октомври годинава.
Според Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собирале во 16 општини за вкупно 22 кандидати, а за советници во 11 општини за 12 листи.
Кандидати за градоначалници има во Македонска Каменица (2), Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (2), Могила, Новаци (2), Гостивар, Демир Хисар (4) и во Градот Скопје.
За советнички листи потписи се собираат во Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Битола (2 листи), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.
Рокот за поднесување кандидатски листи е до 13 септември, а до 11 септември граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список.
Во тек е и пријавувањето за набљудување на изборите.