Спорт

Дончиќ на чекор од суспензија која би му ја намалила платата

Кошаркарите на Денвер нагетс славеа над Лејкерс со резултат 120:113 во натпревар кој беше обележан и со дуелот помеѓу Јокиќ и Дончиќ.

Јокиќ го предводеше Денвер до победата со нов трипл-дабл учинок од 28 поени, 12 скокови и 13 асистенции. На спротивната страна, Дончиќ за Лејкерс постигна 27 поени, 11 скокови и седум асистенции, но неговиот настап заработи и една техничка грешка што го доведе на чекор до автоматска суспензија.

Словенечкиот кошаркар ја заработи техничката грешка во првото полувреме поради приговор кон судиите. Одлуката го изненади и самиот Дончиќ, кој побара објаснување, но тие не ја променија одлуката. Иако сметаше дека не направил ништо спорно, му беше запишана 15-та техничка грешка сезонава.

Според правилата на НБА лигата, шеснаесеттата техничка грешка во една сезона автоматски носи суспензија од еден натпревар. Тоа значи дека Дончиќ е само една техничка грешка оддалечен од казна. Во случај на суспензија, играчот не само што го пропушта натпреварот, туку за него не добива ниту плата. Откако играч ќе ја достигне границата од 16 технички грешки, суспензија следува за секои наредни две.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons