Актуелно

Донесена е одлука возачките и патните листови да бидат бесплатни 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска соопшти дека Владата на денешната седница донела одлука патните листови, кои инаку чинеа 30 евра, да бидат бесплатни за сите македонски државјани кои се во странство а при тоа не успеале да го променат пасошот за да се вратат назад.

„Вториот заклучок е поврзан со МНР , а тоа е дека ќе превземе активности за издавањето на патните листови за сите што се надвор тој да биде бесплатен. Дополнително МНР е задолжено да превземе активности соодветно каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, патните листови да се испраќаат по пошта и тоа да се прави онлајн за да немаат граѓаните дополнителни трошоци“, рече Битиќи.

„За сите возачки дозволи задолжено е Министерството за внатрешни работи да бидат без надомест“, истакна тој.

Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, рече дека бесплатни ќе бидат возачките и сообраќајните дозволи и дека одлуката е веќе потпишана.

Бојмацалиев дополни дека сите вработени во МВР кои работеле на документите за викендите и празниците утре на своите сметки ќе добијат уште една плата.

Битиќи додаде дека во наредниот период ќе се бара решение како да им се надомести на оние граѓани кои платиле за нови документи, а во меѓувреме повторно платиле за предвремено да ги подигнат со новото уставно име.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons