Донарума: Следната сезона нема да биде вака, ПСЖ ќе избере, или јас или Навас
Џиџо Донарума вели дека не можел да го даде најдоброто во ПСЖ бидејќи бранел на половина од натпреварите и е сигурен дека така нема да биде и идната сезона.
ПСЖ има двајца елитни голмани, па Џиџо Донарума и Кејлор Навас ги делеа натпреварите.
Од тоа не се задоволни и двајцата, па раководството на ПСЖ се чини дека ќе треба да се ослободи од еден од нив.
„Сакам да останам тука во ПСЖ. Ова не беше лесна сезона, бранев на половина од натпреварите и не можев да го дадам најдоброто“, вели Донарума.
„Конкуренција со Кејлор Навас и следната година? Не, нема да биде така. Клубот ќе направи избор“.
Се претпоставува дека ПСЖ ќе го продаде Навас или ќе го прати на позајмица, а Донарума ќе биде прв голман. Но веројатно одлуката ќе зависи и од новиот тренер, доколку се остварат најавите за промена на тренерската позиција.