Магазин

Дознајте дали сте меѓу нив: Личностите родени на одредени денови во месецот имаат посебен кармички долг

Карма е поим што потекнува од традицијата на јогата и будизмот и се поврзува со судбината. Законот на кармата им помага на луѓето да ја користат својата слободна волја и моќта на одлучување за создавање позитивни промени и подобар живот, пишува „Сенса“.

Кармата е еден вид одмазда, а нејзиниот главен закон гласи: „Она што се врти, се враќа како бумеранг“. Затоа понекогаш луѓето во животот носат кармички долг – долг што го акумулирале во претходните животи или го наследиле од своите предци. Тој не е секогаш лесен за препознавање, но според нумерологијата, датумот на раѓање може да помогне во тоа.

Некои нумеролози сметаат дека личностите родени меѓу 14-ти и 22-ри во месецот имаат посебен кармички долг.

14 – Алчност

Луѓето родени на 14-ти во месецот, според нумерологијата, треба да исправат одредени грешки поврзани со алчноста. Нивната задача е да најдат рамнотежа во сè што прават за да го измирaт својот кармички долг.

15 – Избор помеѓу светлината и темнината

Нумеролозите тврдат дека луѓето родени на 15-ти во месецот мораат да избираат меѓу темната и светлата страна. Треба да ги прифатат двата дела од себе, но ако вложат повеќе енергија во развивање на својот светол аспект, ќе станат подобри луѓе.

16 – Поправање на штетата од минатото

Родените на 16-ти во месецот, според нумеролошките толкувања, имаат задача да исправат одредени грешки од претходниот живот. Нивниот кармички долг е поврзан со рестаурација и поправка.

17 – Слава

Луѓето родени на 17-ти во месецот, според нумерологијата, во претходниот живот жеднееле за слава. Можеби таа желба е пренесена и во овој живот. Тие треба да препознаат од каде доаѓа нивната потреба да се истакнат, наместо слепо да ги следат своите инстинкти.

18 – Искреност

Нумеролозите велат дека луѓето родени на 18-ти во месецот не ја научиле лекцијата за чесност во претходниот живот. Нивната задача во овој живот е да останат на страната на вистината и праведноста и да ја изразуваат својата вистина јасно и отворено.

19 – Придржување до правилата

Родените на 19-ти во месецот, според нумеролошките верувања, во минатото ја злоупотребувале моќта или барале „дупки во законот“, па сега мора да се придржуваат до одредени правила за да ги исправат своите грешки.

20 – Поправање на грешките

Нумерологијата сугерира дека луѓето родени на 20-ти во месецот направиле одредени грешки во претходните животи. Сега им е судено да се искупат за своите постапки и да ги поправат.

21 – Лојалност

Луѓето родени на 21-ви во месецот, според нумеролошките толкувања, можеби во претходниот живот на некој начин ја издале својата татковина. Затоа, сега е важно да останат лојални кон својата земја и нејзината традиција. Оваа лојалност може да се покаже и во меѓучовечките односи.

22 – Почит кон децата

Нумерологијата укажува дека луѓето родени на 22-ри во месецот имаат карма поврзана со децата. Нивната задача е да бидат што е можно потолерантни и повнимателни кон најмалите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons