Македонија

Доживотна затворска казна за Зејнелов 

Фадил Зејнелов доби доживотна казна затвор за насилното убиството со давење на 29-годишната Емилија Пешева.  На претходното рочиште пред два дена пред Основниот суд во Штип ја призна вината.

Тогаш рече дека мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство. 

Претходно Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот.

Обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот, при што  дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons