Свет

Додик до институциите на БиХ: Србите нема да војуваат, но вие пробајте 

Откако припадници на Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) се обидоа да го приведат претседателот на Република Српска Милорад Додик во Административниот центар на владата на РС во источно Сараево, Додик се огласи со жестоки изјави во кои порача дека БиХ може да опстане како држава само ако нема „наметнување“.

„Имотот е главното прашање. Ако тоа се обиде да се наметне, тој ден Република Српска носи одлука за независен статус. Ќе се одвоиме и ќе го браниме својот имот“, порача Додик.

Тој го пофали дејствувањето на ентитетската полиција за време на обидот за апсење и додаде: „Горд сум на нашата полиција, тие се патриоти. Предавниците се во опозиција. Зарем навистина некој мисли дека полицијата, чија задача е да ги штити институциите на РС, ќе потклекнат пред окупаторските сили кои ги викаме СИПА, Обвинителство, Суд, (меѓународниот претставник Кристијан) Шмит? Ако некој така мисли, тогаш е навистина коњ, од марката дорат. Тие се луди, немаат појма“.

Тој потоа ги коментираше политичките односи на ниво на БиХ, особено кон Бошњаците: „Бошњаците ќе најдат некој Србин предавник и потоа сакаат нешто да градат. Нема да изградите ништо. Во РС власта не е на ниво на БиХ. Вечерва јасно се виде каде е власта, нека тужат ако сакаат“.

„Нема СИПА на територијата на РС, а тие се обидуваат да покажат дека ја има. Полека ја губат силата. Еден ден веројатно ќе собереме 20 до 30 илјади луѓе, ќе ја блокираме зградата на СИПА, ќе земеме јајца и ќе ги избркаме, довидување. Мислите дека не можеме? Нам не ни требаат пушки“, кажа тој.

„Ако ја почитувате Република Српска, ништо од ова немаше да се случи. Не можат тие да ѝ наштетат на РС. Проблем им е Додик, а добар им е рахитичниот предавник (Дарко) Бабаљ. Земете ги таквите и решавајте ги кризите“, додаде претседателот на РС.

„Мора да седнат на маса. Не сме против дејтонска Босна. Веќе два месеци зборуваат за војна. Србите нема да војуваат, но вие пробајте“, заклучи Додик.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons