Спорт

Договорот на Милевски завршува, ФФМ има три опции

Натпреварот против Велс во Кардиф беше последниот меч во рамките на актуелниот договор на селекторот Благоја Милевски со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Договорот на Милевски е со трајност до ноември, наскоро се очекува ФФМ да одлучи дали ќе ја продолжи соработката со него или ќе се одлучи за нов селектор.

Под негово водство, Македонија имаше рекордна серија на натпревари без пораз, имавме неколку забележителни резултати и против големи селекции, но дамка на неговото водење на македонската селекција се двата најтешки порази во нашата историја. Оној против Англија од 7-0 и овој во Кардиф од 7-1.

Македонија под водство на Милевски се избори за место во бараж за пласман на Светското првенство, тие дуели ќе се играат во март.

Нејасно е ФФМ што ќе одлучи, но има три опции:

Првата е да не му биде понуден нов договор на Милевски и друг селектор да ја води Македонија во баражот.

Втората е да му биде даден договор на Милевски до март, па во зависност од настапите во баражот тој да биде продолжен или не. Ова веројатно е најфер опција со оглед на тоа дека под негово водство стигнавме до мундијалскиот плејоф.

Третата опција е ФФМ да му даде доверба на Милевски со нов долгогодишен договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons