Македонија

Добри вести за возачите: Големо поевтинување на горивата од полноќ 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година. 

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 38,965 ден/кг.

Од 10.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар) 
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар) 
Мазут М-1 НС  38,965 (денари/килограм)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons