Магазин

Добил 10 милиони евра на лото: Бев црна овца, сега сите нека знаат дека сум богат 

41-годишниот Курсат Ј. од Дортмунд на крајот на септември освоил џекпот од речиси 10 милиони евра и одлучил дека не сака да остане анонимен, туку сакал да им стави до знаење на сите дека станал милионер.

Чико, како што го нарекуваат неговите познаници, за Билд ам Зонтаг изјавил дека целосно заборавил на тикетот. Го побарал само кога во весник прочитал дека е извлечен џекпот од 9.927.511,60 евра. Сега на своите профили на социјалните мрежи објавува фотографии од луксузот во кој ужива по победата. Купил Порше и Ферари, а во Дортмунд се шушка дека наводно веднаш го купил омиленото локално кафуле.

„Едвај можев да дишам. Викав од среќа, луѓето мислеа дека сум луд“, рекол тој за Билд и додал дека веднаш отишол кај родителите кога дознал за добивката. „Плачев од среќа кога ги видов, викав – мамо, ние сме богати“, се присети тој. Тој со години играл лото и вели дека вложил илјадници евра во лозови. Почнал откако се задолжил.

„Победив, но и изгубив. Бев црната овца на семејството“, вели овој човек, роден во Турција кој на 12-годишна возраст се преселил во Германија. Досега работел во производство на автоделови.

Од предупредувањата од некои дека треба да ја крие својата добивка вели само: „Сите треба да знаат колку сум богат“.

Сепак, тој додава дека за среќа му фали едно – љубовта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons