МакедонијаНајново

 Дискотеката во Кочани порано била магацин за теписони?!

Дискотеката која се запали во големата трагедија во Кочани порано била магацин за теписон, дознава Плусинфо. Објектот работи речиси 14 години.

Објектот од државата најпрво не добил дозвола да биде дискотека. Но, подоцна добил, а менаџерите се фалеле дека „заслугите“ за тоа се на еден поранешен министер од ДУИ.

Се дознава и дека лиценцата за кабаре на објектот му била до 24 март.

Пожарот кој избувна во објектот веројатно е предизвикан од пиротехнички средства. На социјалните мрежи се појавија снимки од пламенот кој ја зафати плафонската конструкција над самите рефлектори на  дискотеката среде концертот на познатата група ДНК.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е на самото место на настот, се очекува да даде повеќе информации на прес-конференција во 9 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons