Димитријевиќ се врати во Русија, потпиша за Зенит
Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ по една година мината во Италија, се врати во Русија, овојпат ќе игра за Зенит.
Димитријевиќ минатата сезона ја играше во Олимпија Милано, но имаше проблем со тренерот Еторе Месина, не играше во последните два месеци, па разделбата беше неминовна.
Зенит е клубот кој го ангажираше Димитријевиќ. Македонецот се враќа во ВТБ лигата каде со голем успех настапуваше во дресот на Уникс со кој ја освои шампионската титула, а беше прогласен и за МВП.
Според руските медиуми, Димитријевиќ за две години во Зенит ќе заработи вкупно три милиони евра, а дополнително и Олимпија Милано ќе му исплати 500.000 евра за раскин на договорот.