Димитријевиќ по дебито: Имав само еден тренинг, ама сакам само да му помогнам на Баерн
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ дебитираше за Баерн Минхен во Евролигата и неговиот тим победи против Басконија со 96-89.
Откако ги одигра првите минути без премногу време за аклиматизација, Македонецот ги сподели првите импресии.
„Минатата година бев тука како противник, но сега се чувствувам подобро бидејќи навивачите ми беа наклонети. Се радувам на она што следува и среќен сум поради победата. Мислам дека игравме поагресивно во второто полувреме, подобро ги контролиравме нивните офанзивни скокови, а кога имате шутер како Обст, тешко е да ве победат. Со Анди, сигурен сум дека ќе има уште многу асистенции оваа сезона. Само сакав да му помогнам на тимот, да внесам малку енергија, се надевам дека ќе биде уште подобро. Тренерот Пешиќ ми дозволува да бидам свој. Имав само еден тренинг со тимот, нов сум, морам брзо да научам некои работи“, изјави Димитријевиќ.
Ниту по мечот со Басконија нема многу време за тренинзи бидејќи веќе в петок баварците му гостуваат на Олимпијакос во 21. коло на Евролигата.



