Актуелно

ДИЗЕЛОТ КОНЕЧНО МАЛКУ „ОЛАБАВИ“ И ДОЈДЕ ЕДВАЈ ПОД СТОТКА – цените на бензините не се менуваат

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,215 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 3.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95     87,50 (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98   90,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        99,50 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   97,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС     52,740 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,754 отсто,кај дизелот за 2,619 отсто, кај екстра лесното масло за 2,034 отсто  и кај мазутот намалување за 2,505 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,132 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons