Дивеење на лет кон Скопје: Пијани навивачи од Словачка биле агресивни и ги вознемирувале патниците и екипажот
Приведен еден навивач од Словачка, а на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето, информираат од МВР.
Како што посочуваат во таму, вчера (10.12.2025) околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север било пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои биле дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го привеле Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им бил дозволен влез во државата од безбедносни причини.
По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



