МакедонијаНајново

ДЕЦАТА НЕМАЛЕ ПАСОШИ, ИЗДАДЕНИ СЕ ПАТНИ ЛИСТОВИ: Пет македонски граѓани чекаат евакуација од Газа 

Неколку наши државјани чекаат евакуација од Појасот Газа. Петмина македонски граѓани, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа. 

Станува збор за брачна двојка и татко со две мали деца. Мајката на децата, која е палестински државјанин има издадена виза. Ова го изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики. Тој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

Издадени се патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.

Новиот амбасадор изјави дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300.

„Дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе. Она што е невозможно ние да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно и од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани“, рече Садики.

Претходно, наши државјани со авион на Ер Србија допатуваа дома. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војната во Појасот Газа би можела да трае подолго. Израелскиот премиер ја предупреди и либанската група Хезболах да не се вклучува во војната против Израел, нагласувајќи дека ќе зажалат. На 7 октомври почнаа нападите на Хамас на Израел. Досега има над 6.000 жртви, но и 1.4 милиони раселени Палестинци. 

Скоро две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат поради масовното и смртоносно зголемување на израелските воздушни напади на територијата, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Фото: Принтскрин/„Скај њуз“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons