Ден на независноста – 32 години самостојна и суверена држава
Честит 8 септември, татковино!
Нашинска – Гане Тодоровски
Да ни е да сме доста
колку за да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине-
Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –
Да ни е да сме мерата
колку за да се прелееме
од колено во колено до крај истрајвекот-
Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат
Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!