Македонија

Денес 5 пациенти ќе бидат испишани, а 6 се враќаат во земјава 

Има три кринични, но состојбата е многу критична, но да се надеваме дека ќе биде добро, изјави Таравари.

Loading...

Министерот за здравство, Арбен Таравари одржа прес конференција во Министерство за здравство, осврнувајќи се на состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Сакам да известам дека еден од 116 кои се лекуваат надвор почина. Александар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, за жал почина и би сакал да изразам сочувство до семејството, изјави министерот за здравство Таравари. 

-Имаме други вести коишто се добри во однос на лекување на пациентите, остануваат 78 од 193 пациенти коишто беа на лекување од трагедијата во Кочани, од нив 14 се лекуваат во државата и 5 ќе бидат испишани, и се во добра стабилна состојба. 9 остануваат во болниците да се лекуваатво болнивите во Скопје, тече Таравари.

Loading...

Денеска се враќаат 6 нови пациенти коишто се подобри и во стабилна состојба, 2 од Бугарија, 2 од Шпанија и 2 пациента од Унгарија кои се добри и стабилни, но ќе се лекуваат уште еден ден по протоколите, 24 часа ќе престојуваат во нашите болници од кај што биле испратени. А 69 паќиенти остануваат надвор од државата, потенцира Таравари.

-Има три кринични, но состојбата е многу критична, но да се надеваме дека ќе биде добро, изјави Таравари.

Пациентот што почина, Карадакоски беше 29 годишен.

Во катастрофалниот пожар кој ја зафати дискотеката Пулс во Кочани на 16 март годинава загинаа 60 млади луѓе, а околу 200 се повредени.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Hide Buttons