Денес и утре променливо облачно со сончеви периоди, од среда драстична промена на времето
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура денеска ќе се движи во интервал од 3 до 11, а максималната од 16 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје, слично време со минимална температура до 8 и максимална температура до 20 степени Целзиусови.

.До вторник ќе се задржи стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината, а веќе од среда под влијание на влажни воздушни маси, се очекуваат повторно локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.