Денеска сончево и релативно топло, температурите ќе се искачат до 15 степени
Сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува во текот на денешниот ден.
Утрото започна со појава на магла и зголемена облачност на одредени места, но се очекува таа да се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе биде од северозападен правец.
Минималните температури се движат од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе достигнат пријатни 10 до 15 степени.
Во Скопје претпладнево има услови за слаба магла, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Температурата во главниот град ќе се движи од -1 наутро до 12 степени преку ден.



