Магазин

Денеска се одбележува Светскиот ден на водата 

Светскиот ден на водата се слави секоја година на 22 март. Денот беше усвоен со резолуција на Обединетите нации во декември 1992 година, а официјално сеслави од 1993 година. 

Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и одржување на хигиената е неопходна за животот и здравјето.

Таа е од витално значење за намалување на глобалното оптоварување со болести и подобрување на здравјето, благосостојбата и продуктивноста на населението.

Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.

Колку ни е важна водата?

Многу луѓе ја земаат водата здраво за готово, бидејќи е лесно достапна и воопшто не се грижат за тоа како и во колкави количини ја трошат, не знаејќи дека ако нема вода тогаш:

  • Нема да постојат услови за одгледување на ниту една земјоделска култура.
  • Нема да постојат соодветни услови за производство на храна.
  • Нема да има индустрија.
  • Нема да има луѓе.
  • Планетата Земја нема да постои бидејќи водата во океаните е природен регулатор на температурата на Земјата.

Водата покрива две третини од површината на планетата Земја, сепак глобалната потрошувачка на вода сезголемува секоја година па не е достапна во изобилие како некогаш.

Што можете да направите за да придонесете за зачувување на водата?

  • Не ја загадувајте околината и не фрлајте ѓубре во потоците, реките и езерата.
  • Кога се туширате, исклучете ја водата кога не ја користите.
  • Додека миете садови, нема потреба водата постојано да тече.
  • Кога ги полевате цвеќињата и дворот, внимавајте на количината на вода која ја трошите.
  • Обидете се да заштедите вода и исклучете ја чешмата секогаш кога водата тече непотребно.

Да ја вреднуваме и цениме водата!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons