Свет

Девет патници се повредени при принудно слетување на авион на Рајанер во Германија

Девет лица се повредени во средата вечерта при принудно слетување на авион на Рајанер во германскиот град Меминген, откако летот поминал низ силни турбуленции предизвикани од грмотевици, соопшти полицијата.

Авионот, кој летал од Берлин за Милано, безбедно слетал во Меминген, на околу 115 километри западно од Минхен, откако временските услови го принудиле пилотот да изврши итно слетување, соопшти баварската полиција, пренесува Ројтерс.

Меѓу повредените се жена која претрпе повреда на главата, нејзиното двегодишно дете и 59-годишна жена која се пожалила на болки во грбот.

Сите тројца се пренесени во болница, додека на лице место им биле санирани полесни повреди на останатите патници.

Рајанер во соопштението наведува дека капетанот на летот побарал медицинска помош пред слетувањето и изразил жалење за инцидентот.

Компанијата организираше друг лет за патниците до Милано и им се извини на повредените.

Локалните воздухопловни власти, меѓутоа, веднаш не одобрија продолжување на летовите од Меминген, па според полициските информации, превозот на патници бил организиран со автобуси.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons