Девет лица одат во притвор, 5 во куќен притвор – Детали за скандалот со пензиите и туѓата нега
Во притвор одат девет лица кои се под истрага зазлоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии и туѓа нега. Кривичниот суд одреди и други мерки и на 14 осомничени, од вкупно 49 кои се под истрага.
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот а едно лице сеуште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење.
„Донесоа решенија, согласно предлогот на Јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка со кои :На 9 лица им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП; На 5 лица им определи мерка куќен притвор; Додека на 9 лица им определи мерки на претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т 2 и 3 од ЗКП, односно Обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице, и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова“, велат од судот