Двојна победа за Мекларен во Австрија, Леклер го дополни подиумот
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, извојува важна победа на Големата награда на Австрија, оставајќи го зад себе својот тимски колега Оскар Пјастри, во трка полна со возбудувања и неочекувани пресврти.
Веднаш на стартот на патеката во Шпилберг се случи вистински хаос бидејќ болидот на Карлос Саинц се запали, по што шпанскиот ас беше принуден да ја напушти трката. Само неколку секунди подоцна следеше контакт меѓу Макс Ферстапен и младиот Кими Антонели.
Дуелот меѓу Норис и Пјастри беше во центарот на вниманието, двајцата возачи на Мекларен водеа бескомпромисна битка за лидерската позиција, но на крајот искусниот Британец излезе како победник.
Подиумот го заокружи Шарл Леклер од Ферари, додека зад него завршија Луис Хамилтон и Џорџ Расел, кои се погрижија Мерцедес да остане присутен меѓу најдобрите.
Австриската трка уште еднаш покажа дека Формула 1 сезонава не штеди на драма, борби и изненадувања.